-->
-->
Во близина на граничниот премин Богородица пронајдени четири мигрантки, едната во бессознание
-->
На 12.05.2025 во 20.15 часот во близина на Граничен премин Богородица, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Богородица забележале како во патничко возило „ауди а4“ со швајцарски национални ознаки влегуваат неколку лица мигранти.
Возилото не застанало на знак за запирање и продолжило со движење.
Набргу, во 20.20 часот возилото било пронајдено и во негова близина биле пронајдени четири женски лица – мигранти од Кина, од кои едната била во бессознание и била пренесена во болницата во Гевгелија за укажување помош, а останатите три лица мигранти биле сместени во прифатно – транзитен центар.
За настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Наумовски: Нејасно е како Брисел нема план б за Македонија, како за Украина и покрај отстапките
-
Тема на денот со Зоран Јовановски, економски аналитичар
-
ЕУ нема ,,план Б" за европските интеграции на Македонија - Кошта вели: Што е договорено, е договорено
-
Таравари со оставка од министер, Вреди направи пратеничка група без Алијанса
-
Крешник Бектеши оди во куќен притвор
-
ДЗР: 457 лица загинале за 4 години во сообраќајки, пишани над 86 илјади казни за возење без дозвола
-
И државна помош и работа – се крои нов закон за социјалците
-
СДСМ: Цените растат – власта нема решение