Во Битолско завршува откупот на тутунот

Производителите од битолскиот дел на Пелагонија завршуваат со предавање на тутунот од годинашната реколта. Според Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, до денеска се откупени над 80 отсто од количините и се очекува до крајот на неделата откупот на тутунот целосно да заврши.
Цената варира зависно од квалитетот и просечно се движи од 180 до 190 денари по килограм.
- Во Пелагонија беа засадени 1.800 хектари тутун, а се откупени 1.700 од максимално очекуваните 2.500 тони. Процесот на примопредавање и откуп го следи посебна петчлена комисија, го набљудува проценувањето на квалитетот и одредувањето на цената. До денеска не е регистрирана нити една забелешка од страна на тутунопроизводителите за откупниот процес, велат од Подрачната единица.
Ново на Сител
-

Војската да ја чува критичната инфраструктура
-

Поранешниот претседател на ФФМ, Сејдини излезе од притвор
-

Се проширува Безбеден град
-

Преглед на вестите од светот
-

Муцунски: Нашата цел како Влада е трајно зачувување на Охридскиот регион како светско, природно и културно наследство
-

Велковски: Парите заштедени во вториот столб се на граѓаните
-

Почна чистењето на водоводот во Гостивар
-

Преглед на вестите од светот
