Во Битола се одбележува Светскиот ден за борба против хепатитис
Акција за бесплатно тестирање на хепатитис и крводарителска акција почна изутринава во битолската Магаза, со што Центарот за борба против хепатитис „Хепар“-Битола и општинската организација на Црвен крст-Битола го одбележуваат 28 јули, Светскиот ден за борба против хепатитис.
Акцијата ќе се одвива до 11 часот со тестирање на плунка со што се утврдува евентуалната заболеност од хепатитис. Во Битола минатата година 9 лица биле заболени од хепатит „Б“, а 7 лица од хепатит „Ц“, информираа организаторите на хуманитарниот настан.
Претседателот на граѓанската организација Хепар Центар-Битола, Милан Мишковиќ истакна дека препорачано е тестирањето да се врши еднаш во годината бидејќи не преземањето превентивни мерки подоцна предизвикува поголеми проблеми.
- За жал во државите од Југоисточна Европа нема навики и традиција за спречување на оваа болест и затоа треба да се користат искуствата од западноевропските држави. Светската здравствена организација препорачува во секоја држава да има изработен акциски план за борба против хепатитис, и затоа ние иницираме хумани активности, рече Мишковиќ.
Во рамки на Светскиот ден за борба против хепатитис, вечер на Широк Сокак во Битола ќе се одржи хуманитарен музички хепенинг.
Ново на Сител
-
Трамп со аплауз го пречека Путин
-
Авионот на Трамп слета во Екориџ
-
Песков: Самитот меѓу Путин и Трамп во Алјаска ќе трае најмалку 6-7 часа
-
Во Албанија уапсени три лица за подметнување пожари, ситуацијата со пожарите подобрена
-
Независните кандидати наместо од еден отсто, треба да соберат потписи од 0,95 проценти од запишаните избирачи во ИЕ
-
Хакерски напад врз веб-страницата на српското МВР од IP-адреса од Холандија
-
Лишен од слобода 19-годишник во Тетово поради предизвикување пожар
-
Поради пожар во НП Јасен патот Македонски брод Скопје затворен за секаков вид возила