Македонија
25. April 2022 - 16:31

Во Битола прв Меѓународен собир на библиотекари

Библиотекари од Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Албанија деновиве во Битола го одржаа првиот меѓународен собир како дел од мрежата на Хортикултурни библиотеки. Тие разменија искуства со цел да се унапреди влијанието на библиотеките како активен учесник во општественото живеење, особено врз децата.

- Треба да знаат повеќе за ботаника и на крај тука се и дигиталните содржини, могу време децата поминуваат на телефон. Ние имаме дигитални хербариуми, ќе ги мотивираме децата да ги  сликаат растенијата со телефоните, на тој начин ќе се поврзи образованието со култура, односно библиоптеките со училишта, а некако ќе ги тргнеме и децата од екраните, да не се само игри во прашање, изјави Јелена Петровска, координатор на проектот. 

Мисијата на хортикултурните библиотеки низ светот е книгите да ги направат достапни за оние што ги користат сознанијата и истражувања на оваа тема, за научниците, но и за другите граѓани кои сакаат да читаат и да користат стручни совети за одгледување растенија, особено цвеќиња. Бројни се библиотеките во светот со богати збирки од областа на литературата, цртежи, хербариуми, но и библиотеки со семиња.

-Имате во Националната библиотека во Вашингтон одделение за хортикултура и вие многу би се разочарале кога би отишле таму и би нашле 100.000 хербариуми спакувани, а за да им пријдете мора да имате ракавици и маска и да ги видите еден по еден. Ова е контра приказна. И заради тоа е битно, ова а е популаризација. Ова е влегување во куќите на нашите баби кои ги чуваат сарделите во конзерви, а нашите млади за дa знаат како се викаат тие сардели на латински, на нашиот јазик како се викаат и каде можат во книгите за тоа да дознаат, изјави Мирко С. Марковиќ, креатор на проектот.

Хортикултурните библиотеки се нов тренд во библиотечното работење, нов концепт поддржан од интернационалната федерација на библиотеки и составен дел на Агенда 2030 на Обединетите Нации која промовира програми за развој на т.н. „паметни градови“ посветени на еколошки содржини.