Во Битола промовирана академската база на податоци EBSCO
Националните координатори, Националната и универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“-Скопје, Македонски е-електронски библиотеки - МЕБ и локалните координатори, Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“-Битола и Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола денеска го промовираа академскиот систем, база за информации EBSCO.

Тамила Миркамалова, вработена во EBSCO информира дека Република Македонија има обезбеден пристап до 14 бази на податоци на EBSCO кои вкупно опфаќаат околу 50.000 списанија.
- Од 50.000 списанија, над 18.000 се е-списанија во целосен пристап, голем дел се високонаучни цитирани списанија со фактор на влијание или импакт фактор, 300.000 е-книги, 100.000 биографии, над 140.000 документи, над 270.000 фотографии, мапи, знамиња и други документи. Најголемата база на EBSCO, Academic Search Premier содржи 8.600 списанија во цел текст од кои 7.500 се научни, од кои над 1.500 списанија ги поседува најзначајната светска база Citation Index додека повеќе од 700 списанија во цел текст кои ги има базата Social Science Citation Index ги содржи EBSCO, истакна Миркамалова.
Пристапот до овие бази, како што рече, ќе овозможи подобрување на условите за работа на научноистражувачкиот кадар во Република Македонија, како и приближување на резултатите од научноистражувачката дејност до светските научни достигнувања.
Професорите и студентите на високообразовните и јавните научни установи ќе имаат он-лајн пристап до високо цитирани научни списанија, со што ќе се постигне унапредување на квалитетот на високото образование, како и континуирано следење на најновите резултати од научно-истражувачката дејност во светот.
Ново на Сител
-

Протести во Скопје за поддршка на осудените водачи на ОВК
-

Со дел од раководство зад себе, Филипче на прес конференција остро ја нападна Платформата 12.05
-

Мицкоски: Нема да прифатиме процес со нови вета и уцени на патот кон ЕУ
-

Пратеници предложите “соби за пушење” во новиот закон, а министерството за здравство не прифаќа
-

Корупцијата во нашето здравство е толку многу инкорпорирана што граѓаните и не ја препознаваат
-

Македонија стана полноправна членка на Светската организација на земји производители на тутун
-

Тема на денот со Славјанка Петровска, пратеничка
-

Анализа: Амбиција за ЕУ, но и незадоволство од процесот во говорот на Мицкоски
