Македонија
5. August 2015 - 17:50

Во Битола премија од 500.000 денари од инстант лоз „Детелника“

Премија од 500.000 денари со гребење инстант лоз „Детелинка“ на Државна лотарија на Македонија (ДЛМ) освои битолчанец за празникот Илинден.   

 
Инстант лозот е купен на 2 август во продажното место „Вагабонд“ на Широк Сокак во Битола.  
 
Од ДЛМ информираат дека среќниот добитник кој сака да остане анонимен на празникот Илинден решил да го почести друштвото и купил купче лозови „Детелинка“. Еден од лозовите што самиот го гребел, му ја донел премијата од 500.000 денари.лв/