Во Битола почнува Фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“
Со фолклорно дефиле по Широк Сокак и со традиционалното оро „Комитско“ во изведба на КУД „Илинден“-Битола вечер почнува 46. издание на републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“.
На фестивалската сцена во Битола годинава ќе настапат околу 100 фолкористи од 30 македонски културно уметнички друштва и фолклорни групи, а ќе гостуваат и пет ансамбли од Мексико, Северен Кипар, Шпанија, Бугарија и Турција.
Според програмата во првата фестивалска вечер ќе настапат КУД „Дримкол“-Вевчани, „Русалии“ од Секирник, ЗКУ „Иљо Антески-Смок“ од Тетово, КУД „Панче Пешев“-Куманово, фолкорните ансамбли „Цветови“ од Дедино и „Плетенка“ од Битола, ДФА „Китка“-Истибања и гостите од странство „Лагунтасуна“ од Баракалдо-Шпанија, „Таскопру“ од Кастамону-Турција и атрактивниот ансамбл „Срцето на Халиско“ од Гвадалахара-Мексико.
Во рамките на фестивалот ќе се одржат повеќе придружни манифестации како што се „Ехо од дамарите“, „Напладне в чаршија“, „Ревија на народни носии“ и други.
Фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“ се одржува под покровителство на Собранието на Република Македонија и со поддршка на Министерството за култура.
Ново на Сител
-
Украина под огромен руски напад
-
Преглед на вестите од светот
-
Сиљановска Давкова и Муцунски ја продолжуваат посетата на САД во Детроид на средба со дијаспората
-
Тема на денот со Александар Николоски, министер за транспорт и врски
-
Анкета на МКД.мк: ВМРО-ДПМНЕ И Мицкоски имаат најголема доверба кај граѓаните
-
За Мицкоски СДСМ одработува за туѓа агенда, за Филипче предлог резолуцијата е најпатриотскиот документ
-
Нови казни, стари навики
-
Што ќе покаже стручниот надзор за седумгодишното дете кое почина во тетовската болница?