Во Битола почнува фестивалот „Илинденски денови“

Со фолклорно дефиле по Широк Сокак и со традиционалното оро „Комитско“ во изведба на КУД „Илинден“-Битола, вечер почнува 48. издание на Републичкот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“.
Годинава првпат фестивалот има пет програмски вечери, стандард кој произлегува од членството на Фестивалот „Илинденски денови“ во светското семејство на фолклорни фестивали ЦИОФФ, истакна Маја Андоновска-Илиевски, директорка на НУ Центар за култура-Битола, домаќин организатор на културниот настан.
- Да се биде член на ЦИОФФ и да се биде меѓу 100-те фестивали во Светот е голема работа, а ние како единствен член од Македонија во тоа семејство, сме горди што тоа е така. Гостите пристигнуваат во Битола, градот се полни со уметници од државата и странство. Бројката е голема и ние очекуваме над 1.000 луѓе кои ќе настапат на фестивалските сцени, претставувајќи 34 ансамбли, истакна Андоновска-Илиевски во пресрет на вечеашното свечено оворање на фестивалот.
Годинава, освен од Македонија на фестивалската сцена ќе настапат уметници и од Јапонија, Шпанија, Полска, САД, Северен Кипар, Хрватска, Србија и соседна Грција.
- На публиката ќе им се претстават интересни фолклорни групи со оригинален национален фолклор. Нивниот фолклорен производ освен на фестивалските вечери ќе биде претставен и на завршната интернационална вечер која ќе се одржи во локалитетот Хераклеа, а таму пак ќе настапи и Виолета Томовска во придружба на групата „Фонтана“ на заеднички концерт насловен како „Мојата Бабам Битола“... Ова е фестивал што ги буди сите сетила, не само очите и ушите, туку и душите. Овој Фестивал буквално не‘ грабнува, не‘ зема и не‘ шета на различни делови од Светот, вели Андоновска-Илиевски.
Фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“ се одржува под покровителство на Собранието на Република Македонија, и со финансиска поддршка на Министерството за култура и општина Битола.
Ново на Сител
-

Девет пријави за семејно насилство за 24 часа во државата, четворица приведени
-

Нето платата во април 48.779 денари
-

Утре нестабилно време, сончев и топол викенд во најава
-

Полицајци од Македонија, Косово, Црна Гора и Италија ќе патролираат по албанското крајбрежје за безбедна туристичка сезона
-

Заврши средбата Гаши-Доцова во Софија: Неопходно е продолжување на дијалогот на парламентарно ниво
-

Претрес во Росоман, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице
-

Детската клиника во Скопје со најниска стапка на смртност во историјата на Клиниката
-

Мицкоски: Граѓаните мора да добијат најдобра услуга и најквалитетни производи по оптимално најниски цени
