Во Битола отворен фестивалот „Поетски синтези“
Со доделувањето на традиционалната награда „Поетска муза“ за најдобра интерпретација и стилска композиција на песна на хравтската поетеса Анѓелка Корчуланиќ за делото „Писмо до Никола Тесла“, синоќа во Битола почна меѓународниот фестивал „Поетски синтези“.
На Корчуланиќ и беше врачена и една од уметничките акварели на Сара Длака од Пула, чија изложба е поместена во „Магазата“ за време на фестивалот.
На свеченото отворање, под отворено небо во амбиенталниот простор „Магаза“ во центарот на градот, со избор поезија, меѓу другите, настапија петнаесетина поети од Германија, Хрватска и членови на ДПМ.
На вториот фестивалски ден во НУУБ „Св. Климент Охридски“ денеска ќе се одржи Симпозиум на тема: Поетското творештво на Петре М. Андреевски.
Тридневниот Поетски фестивал „Поетски синтези-2019“, годинава се одржува по 11-ти пат, во организација на Здружението за наука и култура „Нова“ и НУУБ „Св. Климент Охридски“ од Битола.
Ново на Сител
-

Пронајдено безживотно тело во атарот на Зрновци
-

Недостиг од кадар, пари и доверба - предизвици за обвинителот Савески
-

СЗДМ - сензори за сите лица со дијабет тип 1, вложувања во превенција и рана детекција
-

Мајмунчето Мики го прослави својот прв роденден, но подароците исчезнаа
-

Дел од локалитетот „Маркови Kули“ пошумен со 6.000 садници на даб
-

„Зелникот на баба“, вкусот на традицијата по 12-ти пат во Пробиштип
-

Тема на денот со Ѓоко Велковски, заменик министер за социјална политика
-

Честит Рамазан Бајрам

