Во Битола одбележан Меѓународниот ден за заштита на видот
Сојузот на слепи лица-Битола и Лајонс клубовите од Битола денеска го одбележаа Меѓународниот ден за заштита на видот, како и претстојниот интернационален ден на Белиот стап.
Според востановената традиција, членови на Сојузот на слепи лица и битолските лајонси организираа марш по Широк Сокак, а потоа и јавна трибина и предавање на тема „Користењето на информатиката од страна на слепите лица“.
- Лајонс клубовите од Битола ги поддржуваат активностите и програмите на слепите лица и тоа е една од главните активности на светски големата хуманитарна организација. Како прилог на таа поддршка е и проект, кој се реализира во неколку ресурсни центри во Македонија, вклучувајќи ја и Битола и кој овозможува постојана поддршка на лицата кои имаат проблеми со видот. Ние како витези за борба против слепилото ќе продолжиме да им помагаме на лицата кои имаат проблеми со видот, истакна Дарко Јанкуловски, претседател на Лајонс зона-Битола.
Ново на Сител
-
Стармер и Фон дер Лајен: Скапо ја плативме цената за руската енергетска уцена
-
Макрон: Американскиот гнев треба да биде насочен само кон Путин
-
Осомничени уште три лица во предметот „Адитив“
-
Гробот на папата Франциск ќе биде отворен за јавноста од недела наутро
-
Блумберг: САД ќе бараат Русија да го признае правото на Украина на сопствена армија и одбранбена индустрија
-
Најмалку 12 луѓе загинаа при рускиот напад врз Киев
-
Времето утре променливо облачно со дожд и грмежи
-
Тошковски за трагедијата во Кочани: Досега осомничени 68 физички и три правни лица, не се постапува селективно