Во БиХ „жолт“ метео-аларм, во Црна Гора „црвен“, а снег ги блокира Словенија и Хрватска
Во Сараево вчера падна снег, а метеоролозите предупредуваат дека се очекуваат посилни врнежи. Во главниот град и во поголемиот дел на БиХ е издаден „жолт“ метео-аларм.
Температурата во Сараево изнесува два степена, а во текот на ноќта се спуштила под нулата. Снежни врнежи се очекуваат во следните денови во повеќето делови на БиХ. Висината на снежната покривка се прогнозира дека изнесува меѓу пет и 15 сантиметри.
Европската мрежа на метеоролошки сервиси објави вчера „црвен“ метео-аларм за цела територија на Црна Гора поради поројните дождови кои се очекуваат, силни ветрови и грмотевици.
Првиот посилен снег кој го зафати поголемиот дел на Словенија создаде проблеми во сообраќајот, посебно на автопатот од Љубљана кон Копер. Поради силната бура и снегот во раните утрински часови регистриран е дефект на електричната мрежа на подрачјето на словенечкиот брег, каде без струја останале неколку илјади потрошувачи.
Инциденти поради временските услови се случиле во реоните на Нова Горица, Целје и Марибор, а поради прелевање на помали речни корита дошло до поплави во некои места во западниот дел на државата.
Снегот кој ја зафати Хрватска, исто така, прави проблеми во сообраќајот. Поради силните ветрови затворени се и бродските линии.
Снежните врнежи ги затрупаа Капела, Сљеме, Горски Котар. Влажните и лизгави коловози прават проблеми на патиштата во внатрешноста, а снежна бура создава проблеми во сообраќајот во крајбрежните подрачја. Можни се одрони, предупредуваат надлежните служби.
Во Србија е претежно облачно и многу ладно време, повремено со дождови, соопшти Републичкиот хидрометеоролошки завод. На повисоките планини во југозападниот дел од земјата се очекуваат снежни врнежи.
Ново на Сител
-
ДКСК: Го следиме именувањето на в.д. директори во државните институции, ќе реагираме ако има неправилности
-
Даути избрана за генерален, а Јајага за организациски секретар на АА
-
Следува период на многу топло време со температури до 40 степени
-
МВР: Постојат основи на сомневање за можниот сторител на убиството во Тетово
-
На Табановце за влез и за излез во земјата се чека половина час
-
Побарани обдукција и снимки од видеонадзор за убиството во Тетово
-
Сончево и топло со мала локална облачност
-
Поскапуваат патарините во Србија