-->
-->
Во Берово врачени уверенијата за избран градоначалник и членови на Совет
-->
Во Берово врачени уверенијата на Звонко Пекевски кој освои нов мандат за градоначалник на Општина Берово и на членовите на новиот Совет согласно изборните резултати од 17 октомври.
Пекевски упати благодарност на досегашните советници во Советот на Општина Берово и општинската администрација за успешната соработка и воедно им упати честитки на новоизбраните советници, со кои заеднички ќе ја водат локалната власт во Берово во следните четири години.

-Како новоизбран градоначалник на Општина Берово, посакувам успешна работа на сите на новата одговорна позиција и се надевам дека и во следниот период, сите заеднички ќе ја водиме општината кон развој, напредок и прогрес, рече Пекевски.
Носителот на Советничката листа на СДСМ и коалицијата Стево Суџуковиќ рече дека како мнозинство во Советот ќе се залагат за донесување квалитетни одлуки со кои ќе се подобри севкупниот живот на граѓаните на Берово.
Носителот на Советничката листа од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ Петар Ружински додаде дека како коалиција која освои седум мандати ќе ја поддржи секоја идеја и проект кој е во интерес на граѓаните на Берово.

Со врачување на уверенијата на членовите на новиот советнички состав и градоначалник како што додаде претседателот на Општинската изборна комисија Славчо Страторски Локалните избори се завршени, а постигнатите изборни резултати се официјални.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ЦУК: Граѓаните да не патуваат кон тетовско Бањиче поради свлечиште
-

Трамп: „Секогаш ќе бидеме тука за НАТО, дури и ако тие нема да бидат тука за нас“
-

Вучиќ најави вонредни избори во октомври, ноември или декември
-

ЦУК: Поради поплави се евакуираат жители на дел од Кичево, одрони на патните правци Гостивар–Стража и Тетово–Бањиче
-

Божикната вечер ќе биде дождлива, а на планините ќе паѓа снег
-

Нападната 52-годишна жена во Аеродром
-

Приведен 36-годишник, физички ја нападнал неговата партнерка
-

Снегот предизвика блокади, прекини и застои во сообраќајот во Белгија и Холандија
