Во Берово утрово најстудено, -7 степени, дневната температура во земјава денеска од 7 до 14 степени

Најстудено утрово е во Берово каде што се измерени седум степени под нулата.
Како што соопшти УХМР, минусни температури во 8.30 часот се измерени и во Битола -5, -4 степени во Струмица, Тетово, Скопје-Петровец и Демир Капија, -3 во Кавадарци, Штип, Прилеп и Велес, -2 степена во Скопје-Зајчев Рид, Маврови Анови и Крива Паланка, -1 во Охрид и Претор.
На Попова Шапка и во Гевгелија 1 степен и 2 степена утрово се измерени во Крушево.
Снег има во Маврови Анови, каде висината на снежната покривка во 7 часот била 49 сантиметри, и на Попова Шапка со 47 сантиметри.
Утрово времето е сончево со појава на слаба магла во делови од регионот на Скопје и во долниот тек на Повардарието.
Според прогнозата на УХМР, во текот на денот времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне од 7 до 14 степени.
Во Скопје сончево и тивко со мала облачност. Максималната температура ќе достигне 9 степени.
Ново на Сител
-

Во чест на Св. Трифун групна изложба од 35 уметници во Музеј Галерија Кавадарци
-

Во Врање е уапсен Саит Саитов кој смртно прегази жена во Капиштец
-

Бројот на странските туристи лани зголемен за 10,3 отсто
-

Ф1: Норис најбрз на тестирањата во Бахреин
-

ЗОИ2026: Штолц најбрз на 1.000 метри брзо лизгање со олимписки рекорд
-

Реал, како последен, се повлече од Суперлигата
-

ССМ напладне ќе ги блокира работодавачите, бара зголемување на платите
-

Новиот член на Судскиот Совет Садула Изаири ќе даде свечена изјава
