Во Берово над 100 парцели за „Купи куќа за млади“

Над сто парцели за проектот „Купи куќа за млади“ има обезбедено општина Берово на површина од 5,2 хектари на месноста Ширината. Ова го изјави Мишо Догазановски од Одделението за урбанизам во општина Берово при синоќешната промоцијата на Проектот „Купи куќа за млади“ што се одржа во Бизнис центарот во Берово.
- Овие урбанистички планови Министерството ќе ги донесе во скратена постапка и очекуваме кон средината на годинава да бидат функционални. Предлогот е да се најде празна површина во државна сосптвеност каде можат да се изработат над 100 плацови, а најмалата големина на плацевите ќе биде 300 метри квадратни, рече Догазановски.
Претставникот од Министерството за финансии, Драган Мустачки, пред присутните го обрзаложи проектот и поволностите што младите брачни парови на возраст до 35 години можат да ги искористат за да си изградат свој дом.
- Проектот купи куќа за млади нуди избор на еден од двата модела со кои Владата преку неповратни средства помага за да се отплаќа ратата или го плаќа учеството за станбен кредит за купување, изградба, надградба или доградба на куќа. Преку моделот „Субвенција на рата“, Владата плаќа 80 отсто од месечната рата во првите 8 години и 50 отсто од ратата во наредните три години од отплатата, додека преку моделот „Субвенција на учество“ поддршката од Владата за отплата на целосното учество од субвенционираниот кредит за куќа, односно до 25 проценти од кредитот, рече Мустачки.
Во рамките на проектот „Купи куќа, купи стан“,во изминатите 4 години со субвеници од 4,7 милиони евра се помогна на 728 семејства да го решат станбеното прашање.
Во рамки на Караванот „Купи куќа за млади” презентација се одржа и во Дебар.
Во Дебар, како што појаснија од Општината, нема градежно земјиште во државна сопственост, но има околу 100 плацеви за изградба на куќи кои се во приватна сопственост, а кои се во населбата „Венец еден“,„Венец два“ и месноста „Краварски пат“.
- Чекаме согласност од Министертвото за транспорт и врски околу Генералниот убанистички план, по што во спогодба со сопствениците ќе може да се откупуваат плацеви за изградба на индивидуални куќи, рече Владимир Стефановски.
Ново на Сител
-

Хамнеи: Трамп е виновен за жртвите и штетите во Иран
-

Фатен бегалец од Затвор „Идризово“ и вратен во затворот
-

УЈП: Нулта толеранција за корупција, презумција на невиност за сите постапки
-

Лазаров: Португалците се дојдени тука да се борат за медал
-

Облачно и студено, од вторник кон крајот на денот врнежи од снег
-

Обвинение за помагачите на бегството на 18-годишникот што со автомобил усмрти жена во Капиштец
-

Претрес во викендица во село Војник, пронајден пиштол и други предмети
-

Кузмановски: Данска беше добар тест за претстојниот дуел со Португалија
