Во Берово измерени -5, во наредните денови постудено со снег на планините
Минус пет степени изутринава се измерени во Берово, минус два во Скопје и Битола, а минус еден во Тетово. Во другите населени места утринската температура е над нулата, а максимални осум степени се измерени во Дојран.
Утрово времето во Македонија е ведро, тивко и релативно студено. Во струмичката котлина има појава на магла но небото е видливо, а во битолската и скопската котлина има појава на слаба магла. Појава на магла има и во Берово.
Во текот на денот ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и претежно тивко. Во попладневните часови ќе почне да дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието, каде наместа се очекува да достигнува брзина до околу 60 км/час.
Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 21 степен.
Во Скопје, претпладне магливо, попладне променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 17 степени.
Во наредните денови под влијание на студена воздушна маса од север следува период на променливо облачно и постудено време со услови за локален дожд, а на повисоките места и на планините ќе има услови за локален снег.
Ново на Сител
-

Премиерот Мицкоски во Теарце
-

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со селективна борба против корупција
-

Јаневска: Да го вратиме достоинството на наставникот
-

Преглед на вестите од светот
-

Teма на денот со Стојанче Ангелов
-

Експертите сугерираат: Да не се кратат капиталните расходи, да се зголеми наплатата на приходи
-

Проф. Атанасовски: Тоа не се коски на цар Самуил, па глупост е дека тој се враќа во Бугарија, кога таму никогаш и не бил
-

МПЦ слави празник на сите македонски светители и 40 години јубилеј од Архиерејската служба на поглаварот г.г Стефан

