Во Белград започна повторениот судски процес против Дарко Шариќ

Во Специјалниот суд во Белград денеска започна повторениот судски процес против Дарко Шариќ и останатите обвинети за шверц на големо количество кокаин од Јужна Америка во Западна Европа.
Шариќ во својата кратка изјава истакна дека обвинението против него наликува на „убаво напишана историја“, но не разбира за што точно е обвинет.
- Веќе седум години за мене зборуваат секакви работи, затоа сега повеќе нема да кажувам дека не сум виновен, туку да ја докажат мојата вина, нагалси Шариќ.
И останатите обвинети ги отфрлија тврдењата дека се виновни, како и Дарко Тошиќ, кој неодамна беше екстрадиран од Холандија и првпат се појави пред суд.
Во новиот судски процес обвинетите ќе имаат можност повторно да ја претстават својата одбрана, доколку тоа го сакаат, повторно ќе се сослушаат сведоците, ќе се преслушуваат прислушкувани разговори и ќе се достават други докази.
Судскиот процес се води по шест обвиненија за шверц на вкупно 5,7 тони кокаин од Уригвај, Бразил и Аргентина за Западна Европа во период од 2008 и 2009 година.
Во Специјалниот суд во Белград во одделна судска постапка на Шариќ му се суди и за перење на пари во Србија преку внесување пари во легалниот финансиски систем, кои се добиени од шверц на кокаин. Тој и уште 17 лица се обвинети за перење на околу 22 милиони евра.
Ново на Сител
-

Само Филипче успеа да постави прашање, Села ја блокираше седницата
-

Гаши нема да оди на Илинден
-

Гостивар се уште без вода за пиење
-

На Инфективна расте бројот на критични пациенти со западно-нилска треска
-

Апелациониот суд – Скопје доби в.д претседател
-

Арбен Фетаи станува специјален претставник во ЕУ – Партиите со бурни реакции
-

Повисока пензија со воведување мултифондови, а не со национализација на приватните пензиски друштва
-

Нови онлајн услуги за земјоделските производители, преработувачите, винарниците и извозниците
