Во Белград уапсени три лица кои со автомобил налетале на колоната во која бил претседателот Вучиќ

Три лица се уапсени во Белград поради сомневање дека ја загрозиле безбедноста на српскиот претседател Александар Вучиќ откако со автомобил налетале во колона возила во која бил тој.
Инцидентот се случил во саботата околу 8.20 минути на кружен тек во Белград кога на возилото во кое се наоѓал претседателот на Србија, налетал автомобил марка Бентли со шпански регистерски таблички.
Осомничените утре ќе бидат изведени пред судија во Белград.
Според Политика, уапсени се лица од обезбедување во белградска дискотека и од порано и се познати на полицијата поради кривични дела. Според весникот, тие немале намера да ја „пресечат“ колоната во која бил Вучиќ туку сударот се случил бидејќи „возачот на Бентли автомобилот правел дрифт-потези - брзо го вртел автомобилот под полн гас за да чкрипат гумите“.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со манипулации прави лажен проевропски имиџ
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со г. Георгиј, митрополит Дебарско-кичевски
-

Гориво со попуст за граѓаните се извезувало во странство?!
-

Грција привремено го суспендираше системот ЕЕС
-

Уште 3.000 граѓани заминале за Грција
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања кој ја блокира ЕУ агендата
-

СДСМ бара истрага за унгарскиот кредит
