Во Белград прогласена вонредна состојба поради Ковид-19
Градоначалникот на Белград Зоран Радојчиќ, на предлог на Штабот за вонредни ситуации, донесе одлука за прогласување вонредна ситуација, која стапува во сила денеска. Вонредната ситуација се воведува поради спроведување на превентивни заштитни мерки и заштита на животите на населението во услови на пандемијата на Ковид-19.
Белградскиот градоначалник прецизираше дека Одлуката се носи поради спроведување на процедурата за воведување на три нови мерки, со цел спречување на ширењето на Ковид-19.
Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа ги најави трите мерки, со кои се предвидува ноќните клубови, сплавовите и кафулињата што немаат тераси во Белград да бидат затворени на две недели во периодот од 23 часот до 6 часот наутро. Тој додаде дека парично ќе бидат казнети лицата кои нема да носат заштитни маски во трговските центри и јавниот градски и меѓуградски превоз. Ќе бидат затворени и студентските домови затоа што голем број студенти се заразени.
Бројот на луѓе собрани во затворено ќе биде ограничен на 100, на растојание и со маски, а на отворено на 500 лица.
Ситуацијата во Белград е најпроблематична затоа што 82,5 проценти од сите заразени се регистрирани во главниот град на Србија.
Ново на Сител
-
Составот на новата влада на Мицкоски пред финален договор
-
Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува
-
Неделава Србија повторно оди на избори-за град Белград и на локални избори
-
Визер скратува летови од Скопје, компанијата се соочува со 40 приземјени авиони
-
Разрешен директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија
-
Демири: Хируршките сали се стари, Клинички ќе користи надворешни компресори додека не стигнат испитувањата
-
Пронајдени две неексплодирани гранати во Скопје
-
Тешка сообраќајка во Куманово: Две лица загинаа