Во Белград 50.000 луѓе на протестен митинг „Србија против насилство“ во организација на опозицијата
– Во Белград и други градови во Србија се одржуваат големи протести со учество од повеќе илјади граѓани по повод масовните убиства во Србија со слоганот „Србија против насилство“, јави дописникот на МИА од Белград.
Главниот протест е во Белград, тој се одвива во мирна атмосфера и е масовен, на него според организаторите има околу 50 илјади луѓе.
Се одвива во голема тишина, во форма на протестна прошетка од Народното собрание до Владата на Република Србија.
Организиран е од Демократската странка, Народната странка, Зелено-левиот фронт – Не го давиме Белград, партијата Заједно, Партијата за слобода и правда, Движењето на слободни граѓани, Синдикатот на согласност и Движењето за пресврт.
-Протестот е непартиски и добредојдени се сите граѓани и организации кои сакаат да ја поддржат борбата против насилството, без поделби, а собирот ќе се одвива без партиски обележја, соопштуваат од опозицијата.
Организаторите најавија дека собирот се организира без говори и обраќања, а на почетокот беа прочитани барањата на организаторите, за што на властите им е даден рок до петок, 12 мај.
Барањата се-смена на Советот на РЕМ (Регулаторно тело за електронски медиуми), затворање на печатени медиуми и таблоиди кои објавуваат лажни вести, невистини и континуирано го кршат новинарскиот код, одземање на националните фреквенции од телевизиите кои ги залудуваат граѓаните, трујат и промовираат насилство, како што се Пинк и ТВ Хепи, оставка на министерот на полицијата Братислав Гашиќ и итно укинување на програмите кои промовираат насилство, неморал и агресија на телевизиите со национална фреквенција, како што се реалните шоуа.
Организаторите изјавија и дека протестот го организираат за да не се повторат трагичните настани „кои го зацрнија општеството“ во Србија, а на почетокот од колоната на протестната прошетка се носеше црн транспарент – Србија против насилство.
Вакви протести во исто време се одржуваат и во Нови Сад, Ниш, Зрењанин, Краљево, Чачак и други градови во Србија.
Претседателот на Србија вечерва самиот најави гостување на една од телевизиите за кои се бара укинување, на која ќе говори за политичките мерки по масовните убиства во Србија.
Ново на Сител
-
Цело Скопје е затрупано со ѓубре, неизвесно е дали утре ќе возат автобусите на ЈСП
-
Тошковски очекува безбедни, фер и демократски избори
-
Пулмолошки скрининг утре и задутре во Трубарево
-
Владата ќе субвенционира филтри за оџаци
-
Поврзаноста на парацетамолот и аутизмот не е научно заснована, реагира лекарската фела по изјавата на Трамп
-
МВР има нови осомничени за хибридни закани врз државата
-
Мицкоски по условната пресуда за Онкологија: Судиите и обвинителите не ги заслужуваат ниту овие плати
-
СДСМ бара оставка од министерката Јаневска, голем број ученици се уште немаат учебници