Во Белгија уапсени повеќе од 60 мигранти
Белгиската полиција денеска уапсила 62 мигранти во близина на брегот, од кои повеќето биле Иранци, информираа белгиските власти.
Властите соопштија дека нема да толерираат на нивна територија да се градат собирни центри, што можат да се споредат со кампот наречен „Џунгла“ во Кале, пренесуваат агенциите.
Повеќето уапсени мигранти се мажи, на возраст меѓу 20 и 30 години, од кои 10 отсто веќе биле апсени во претходни акции.
Во оваа операција биле мобилизирани шеесетина полицајци.
Околу 4.000 мигранти, повеќето дојдени од источна Африка, од Блискиот исток и од Авганистан, живеат во мигрантскиот камп наречен „Џунгла“ кај Кале, на северот на Франција.
Ви Белгија не постои ниту еден сличен камп, но, според белгискиот печат, неколку десетици мигранти, кои дошле од Кале, ја минале границата и влегле во Белгија.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Meџити официјално е кандидат за Чаир, од ВРЕДИ ниту денеска не потврдија каде живее
-
Тема на денот со Бујар Османи
-
ВРЕДИ одлучи за првите кандидати
-
Совет за безбедност: Безбедноста е стабилна, пожарите под контрола, остануваме посветени на реформската агенда
-
Што одлучи Советот за безбедност?
-
Трамп ја преполови царината за Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ со свој кандидат за градоначалник и во Кичево - во тимот на Орце Ѓорѓиевски влезе и Ралев