Во Белата куќа средба Обама - Столтенберг
Претседателот на САД Барак Обама изјави дека Северноатлантската алијанса останува камен темелник на колективната одбрана на САД и на Европа.
Тој денеска во Белата куќа се сретна со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, при што разговараа за борбата против Исламска држава и евентуални операции во Либија.
Обама осврнувајќи се на мигрантската криза иницирана од граѓанска војна во Сирија истакна дека „мигрантите преземаат многу опасни патувања и оти реакцијата треба да биде хумана и смислена“.
Обама и Столтенберг разговараа и за ситуацијата во Авганистан и во Украина и напорите за надминување на конфликтите со Русија.
Тие разговарале и за како НАТО да помогне во обуката на армиите на Ирак, на Јордан и на други држави, кои се борат со џихадистите од Исламска држава.
- Продолжуваме да соработуваме со оглед на евентуалните операции во реоните како Либија, каде има први чекори за формирање на Влада, посочи Обама.
Столтенберг наведе дека Алијансата во целост го исполнува своето значење.
Ново на Сител
-
Најавените врнежи добредојдени за земјоделството
-
Ракометарките на Ѓорче Петров ја одбранија шампионската титула
-
Гостивар се повлекува од ПМФЛ
-
Сабаленка го освои турнирот во Мадрид
-
Норис победи на спринтот на Големата награда на Мајами
-
Одбележување 122 години од смртта на Гоце Делчев
-
Сончево и топло, до 30 степени
-
Политичарите уживаат во мешана скара | Цветанка Арсоска и Весна Анчевска | Sitel Podcast 093