Во Барселона ќе се одржи рок концерт со 5.000 лица откако ќе бидат тестирани за Ковид-19

Во Барселона вечерва ќе се одржи рок концерт на кој ќе присуствуваат 5.000 љубители на музиката откако ќе бидат тестирани за Ковид-19.
Властите дозволија концертот на шпанската рок група „Love of Lesbian“ да се одржи со задолжителен тест, а со цел да се тестира ефикасноста на тестирањето во спречување на ширење на заразата на големи културни настани.
Луѓето кои ќе присуствуваат на концертот ќе можат слободно да се движат, но задолжително ќе мора да носат маски. Властите побараа лица со срцеви заболувања, карцином или оние кои биле во контакт со некои од заразените, да не се пријавуваат за присуство на концертот.
Оние кои купуваат билет можат да изберат од три локации во Барселона каде ќе можат да бидат подложени на брз антиген тест. Посетителите со негативен резултат ќе добијат код на нивниот мобилен телефон, што ќе го потврди нивниот билет за концертот во салата „Палау Сан Ѓорди“ во 19:00 часот.
Организаторите наведуваат дека ова е прв настан од волкав обем во Европа од почетокот на пандемијата.
Цената на билетот, која изнесува од 23 до 38 евра, ќе ги вклучува трошоците за тестирање и висококвалитетната маска, која сите ќе треба да ја носат освен додека консумираат храна или пијалоци.
Во Шпанија во сила се мерки што дозволуваат присуство на само четири лица во затворен простор.
Ново на Сител
-

Охриѓанец со 1,55 промили алкохол во крвта возел во Кавадарци
-

Роми претепаа човек до смрт во Ново Место, предизвикаа гнев во Словенија
-

Русија тестираше нова нуклеарна крстосувачка ракета, Путин тврди дека никој нема такво оружје
-

Заврши 40. јубилејно издание на „Макфест“, на Стојан Троицки основачот на фестивалот му беше врачено признание „За животно дело“
-

Герасимовски: Поддршката од центарци за вториот круг се зголемува, победуваме во недела
-

Една недела дена пред вториот круг од локалните избори
-

Мацут за „Политика“: Европската иднина на Србија не е само политичка цел, туку и гаранција за подобар живот за граѓаните
-

Рубио вели дека САД разгледуваат опции за распоредување меѓународни сили во Газа
