Во Бангладеш гром уби 16 лица кои биле на свадба
При удар на гром денеска загинаа шеснаесет луѓе на свадбена церемонија во Бангладеш, соопштија властите.
Сватовите се симнале од брод во градот Шибгањ, недалеку од границата со Индија, за да се засолнат од бурата кога ги погоди гром, изјави Сакиб ал Раби, локален претставник на властите.
Сакиб ал Раби рече дека шеснаесет луѓе загинале во рок од неколку секунди откако претрпеле удар од гром во западната област Чапаинавабганџу . Невестата не била меѓу нив, а младоженецот е повреден.
Силните монсунски бури неодамна го погодија Бангладеш, а поројните дождови што го захатија округот Кокс Базар, на југоисток од земјата, усмртија дваесетина луѓе, меѓу кои шест бегалци Рохинџи.
Стотици луѓе умираат секоја година од удари на гром во Бангладеш.
Официјалните бројки покажуваат дека во 2016 година, громови убиле повеќе од 2.000 луѓе, од кои 82 за само еден ден во мај, а повеќето жртви не се официјално евидентирани.
Независно тело процени дека при удар на гром годинава загинале 349 лица.
Ново на Сител
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста
-
Мицотакис му одговори на Мицкоски: Патот кон ЕУ ќе биде затворен без почитување на Преспанскиот договор
-
Вархеи: Западен Балкан да биде подготвен за влез во ЕУ до 2027 година
-
Таравари: Владата ќе биде договорена до петок
-
Османи во Стразбур лобира за прием на Косово во Советот на Европа
-
Синдикатот на болницата во Лешок се противи на обидот министерството да ги спои со клиниката во Тетово
-
ДСЗИ повторно ќе оди во вонредна контрола на Токсикологија