Свет
24. August 2022 - 10:56

Во автомобилска експлозија загина првиот човек на Михаиловка во Запорожје

Загина првиот човек на градот Михаиловка во Запорожје, Иван Сушко откако експлодира неговиот автомобил

Трагедијата се случила околу 8 часот по локално време, а се уште не е познато како дошло до експлозијата.

Според украинските медиуми, во моментот на експлозијата во возилото се наоѓал Сушко со детето на неговата љубовница.

Инаку, Михаиловка е под команда на руските сили, а Сушко наводно се согласил да соработува со Русите кога тие ја окупирале областа.