-->
-->
Во автобусот што се запали на патот Охрид-Кичево немало патници
-->
Регионалниот центар за управување со кризи, повикувајќи се на информација од ЦУК Охрид, вчера информираше дека во автобусот што се запали на патот Охрид-Кичево кај Извор немало патници.
- Регионалниот ЦУК Охрид известува дека АМСМ информирал дека од 21:25 часот на патот Охрид-Кичево кај Извор, сообраќајот се одвива по една лента наизменично, а пред тоа беше во прекин заради тоа што пожарникарите од ТТПЕ Кичево интервенираа со две екипи на гаснењее на запален автобус. РЦУК Охрид известува дека нема повредени лица односно автобусот бил без патници, се наведува во соопштението.
Автомото сојузот на Македонија претходно информираше дека е запален автобус на патот Охрид-Кичево кај Извор и дека сообраќајот е во прекин.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Од Охрид стартува „Силно светнал ден“
-

Музичкиот спектакл „Силно светнал ден“ за 35 години независност стартуваше вечерва од Охрид
-

Тема на денот со Бојан Трајковски, доктор по општа медицина
-

Голем ризик за пожари на отворен простор и шумски пожари
-

Втор ден гори депонијата во Крива Паланка
-

Жештините ја зголемија потрошувачката на струја
-

Му го пресекол патот па избегал, ОЈО бара мерки на претпазливост за сообраќајката во Радишани
-

Зголемен број на повредени во сообраќајќи и скршеници поради колабирања бележат во Ургентен на Клинички
