Во Австрија се урна мал авион кој полетал од Загреб, загинаа четири лица
Четири лица загинаа кога мал спортски авион се урна вчера попладне во Лунгау во централна Австрија, соопшти денеска австриската полиција, додавајќи дека авионот летал од Загреб за Салцбург, пренесува АПА.
Авионот Cirrus SR-20 полетал од главниот град на Хрватска нешто пред 14 часот, а дестинацијата на аеродромот бил Салцбург.
Околу 15:45 часот авионот се урна во шума на непрооден терен на Пасеген – планински гребен во општина Санкт-Андре-им-Лунгау.
Службите за итни случаи успеале да стигнат до остатоците од авионот кога патниците веќе биле мртви. Според полицијата, жртвите се уште не се идентификувани. Не е позната ниту причината за несреќата.
Државната канцеларија на криминалистичката полиција во Салцбург ја презеде истрагата и повика експерт за воздушни несреќи.
Државниот правобранител наредил запленување на остатоците од авионот и обдукција, јави АПА. Според „Кроненцајтунг“, очевидец го слушнал ударот и ги алармирал спасувачките служби.
Како што пренесува „ОРФ Салцбург“, времето во Лунгау во моментот на несреќата се сметало за тешко за визуелни летови – поради делумно густата облачност и турбуленциите на ветерот.
Дополнително, се наведува дека авионот стандардно бил опремен со падобран за итни случаи, кој се активира со помош на експлозивно полнење.
Сепак, системот за спасување очигледно не бил активиран, пренесува АПА.
Ново на Сител
-
Загина 52-годишно лице откако со мотоцикл удрил во паркирано возило
-
Турчин пронајден мртов во хотел на Бит Пазар
-
Неготинец тешко повреден при пад од мопед
-
Приведени кавадарчани за непочитување полициски наредби на фудбалски натпревар
-
Трамп: Путин и Зеленски ќе организираат состанок за прекин на огнот во Украина
-
Орбан: Светот е побезбедно место по самитот Трамп-Путин
-
Приведен кумановец, возел со 3,43 промили алкохол во крвта
-
Од утре попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи