Во Австралија се уште трае битката со пожарите, температурите надминаа 42 степени
Австралија сè уште се бори со пожари во неколку држави каде илјадници домаќинства немаат струја, повеќе од 100 училишта се затворени, а загрозените жители бараат засолниште откако се отвори нов огнен фронт.
Во пожари досега загинаа најмалку четири лица, а повеќе од 300 куќи се уништени.
Во државата Јужна Австралија утрово избувна нов фронт со 50 поединечни жаришта, а нивото на тревога е подигнато на „катастрофално“ бидејќи температурите надминале 42 степени Целзиусови.
Тоа значи дека во случај на пожар пожарникарите нема да можат да го задржат под контрола поради временските услови.
– Од изгрејсонце до длабоко во ноќта, оваа држава ќе доживее многу тешки услови поради пожарот, изјави за Еј-Би-Си помошникот на шефот на противпожарната служба Брентон Еден.
Повеќе од 600 пожарникари реагираа низ државата, а се очекува да се борат со пожарите и во текот на ноќта.
Како што пожарот се доближуваше до далноводите, струјата беше исклучена за повеќе 12.000 домаќинства.
Поради пожари на источниот брег на Австралија, Сиднеј вчера беше покриен со штетен облак од чад.
Во шумските пожари во оваа област во последните недели изгореа околу еден милион хектари обработливо земјиште и ниска вегетација.
Пожарите се вообичаени аа време на сувата летна сезона, а најголемите пожари што ја погодиле Австралија се случија во 2009 година, при што загинаа 173 лица, а 414 беа повредени.
Ново на Сител
-
Мерц попладнево ќе се соочи со второ гласање по неуспешниот прв обид да стане канцелар
-
Брат (7) со автомобил прегазил 10-годишна сестра во крушевско
-
Уапсени две 18-годишни лица и еден малолетник, извршиле повеќе тешки кражби во Битола
-
Затворски полицајци во Штип нападнати откако затекнале затвореник со мобилен
-
Судењето на возачот кој ја усмрти Фросина Кулакова започнува во петок
-
Аудиција за Ѕвездите на Гранд на 19 мај во 12 часот во Сител Телевизија
-
На Бит Пазар пронајдено починато машко лице, без документи за идентификација
-
Македонското дерби Еурофарм Пелистер - Вардар 1961 меѓу Топ 5 во Европа