Во август 27 пријави за недолично однесување на контролори од ЈСП
- Во текот на овој месец се добиени 27 пријави од граѓани за недолично однесување на контролорите во ЈСП Скопје. Во пет случаи е констатирано неправилно однесување и преземање дејства од контролорите, а во 22 е утврдено неправилно однесување на граѓаните, рече денеска градоначалникот Петре Шилегов.
Одговарајќи на новинарско прашање во врска со инцидентите меѓу граѓаните и контролорите во јавниот градски превоз по денешната прес-конференција во СУГС „Орце Николов“, Шилегов нагласи дека е зголемена контролата во јавниот градски превоз со што се зголемила и продажбата на билетите во ЈСП, а зајакнат е и Секторот на внатрешна контрола во ЈСП.
Според него, и Градот и ЈСП Скопје инсистираат на целосна законитост во текот на постапките за инволвираните во инцидентите.
- Против овие вработени во ЈСП Скопје ќе бидат преземени сите мерки предвидени во Законот за работни односи, додаде скопскиот градоначалник.
Последниот инцидент се случи завчера кога контролор на ЈСП со тупаница удрил момче во автобус со број 15.
Како што информира МВР, настанот се случил попладнето на улицата „Љубљанска“. Според пријавата, контролорот на ЈСП му побарал билет на Т.Б. и откога го проверил, му побарал повторно да плати карта. Т.Б. одбил и во еден момент контролорот со тупаница го удрил во пределот на устата.
Ново на Сител
-
Зеленски: Путин сака да манипулира со Трамп
-
Хегсет избран за министер за одбрана на САД
-
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози, магла на повеќе патни правци
-
Сончево со умерена облачност, претпладне магла по котлините
-
Протест пред зградата на РТС во Белград: Студентите залудно бараа вклучување во програмата
-
Во Братислава 60.000 луѓе протестираа со барање за оставка на Фицо
-
Лоши вести за Баерн, повредата на Дејвис е посериозна од очекуваното
-
Белград: На осомничената која удри девојка со автомобил и е одреден притвор до 48 часа