Во Авганистан убиен шеф на хуманитарна агенција и уште пет луѓе
Шест луѓе се убиени денеска, меѓу кои и шефот на јапонската невладина организација, при напад на нивното возило во Џалалабад во источниот дел на Авганистан, соопштија локалните власти.
– Напаѓачот побегна од местото на настанот, а за сега никој не презеде одговорност за нападот, изјави советникот Сохраб Кадери од провинцијата Нангархар.
Шефот на мировната здравствена организација на Јапонија (ПМС), др. Тетсу Накамура, беше вклучен во обнова на системите за наводнување и земјоделството во Авганистан. Тој отпатува во областа Хеву со цел да го разгледа проектот за наводнување со кој се настојува да се унапреди земјоделието во провинциите, додаде Кадери.
Накамури неодамна доби почесно авганистанско државјанство како резултат на децении хуманитарна работа на истокот на Авганистан.
„Авганистанската влада силно го осудува одвратниот и кукавички напад на најголемиот пријател на Авганистан, др. Накамуру“, изјави Седик Седики, портпаролот на авганистанскиот претседател Ашраф Гани.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Македонија под снег - Радост за најмладите, проблеми за возрасните
-
Македонија под снег - радост за најмладите, проблем за возрасните
-
Охрид се мобилизира
-
УХМР најавува снежни врнежи и утре
-
Панихида за Мара Бунева во Скопје
-
Секој втор граѓанин има картичка, но плаќа во кеш за нарачки по интернет
-
Две нови стамбени зони во Штип со куќи за индивидуално домување