-->
-->
Во Атина уапсени две лица кои пуштале во продажба ковид тестови и медицински маски со изменет рок
-->
Грчката полиција во Атина уапсила две лица, странски државјани, кои пуштале во продажба медицински маски и ковид тестови на кои им ги менувале датумите на производство и рокот на траење, а процените се дека нелегално се стекнале со 1,6 милиони евра, јави дописничката на МИА од Атина.
Биле откриени и одземени 351.000 селф тестови за Ковид, 2.500.000 медицински маски и 120.000 налепници-етикети од странска фармацевтска индустрија.
– Според Националната агенција за лекови, промената на датумите на производство и на траење, како и условите за складирање, транспорт и ракување со производите, ги прават медицинските маски и тестови опасни за јавното здравје, соопштија од грчката полиција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Економистот со амбиција да биде лидер на СДСМ | Јован Деспотовски | Неформално | Sitel Podcast 049
-
Викдендов сончево и топло, од вторник повторна дестабилизација на времето
-
Прилепчанец три години ги силувал своите две малолетни ќерки
-
Штипјанец ја претепал својата мајка, па и се заканил, а потоа искршил дел од покуќнината
-
Скопјанец претепан од обезбедувањето на казиното во кое се наоѓал
-
Избувна пожар во куќа во Арачиново
-
Поскапува мазутот
-
Визер: Одложувањата и откажувањата на летовите низ европската авио индустрија последица на временските услови