Во антитерористички акции во Истанбул уапсени 20 лица
Турската полиција уапси 20 лица, вклучувајќи и неколкумина адвокати, во рамки на операцијата, која опфаќа рации во Истанбул, а чија цел се припадници на Курдската работничка партија (ПКК), јави Анадолија.
Антитерористички полициски акции, со поддршка на хеликоптери, истовремено се спроведени во 32 места ширум градот, а меѓу уапсените се неколку акдвокати од се уште непознати здруженија.
Уапсените се одведени во главната полициска станица во Истанбул, по рутинската здравствена контрола.
Во рамки на операцијата се приведени лица во уште осум други провинции.
Рациите следеа откако судирите меѓу турските безбедносни сили и ПКК се проширија на нови подрачја во југоисточна Турција, а по самоубиствениот напад во Анкара, во кој загинаа 37 лица, на улиците излегоа тенкови и оклопни возила, придружени од хеликоптери.
Иако ниту една група не ја презеде одговорноста за нападот во Анкара, Министерството за внатрешни работи тврди дека зад него стои ПКК.
Ново на Сител
-
Лога: Непочитувањето на уставното име на државата ја прави ништовна заклетвата на Сиљановска
-
Татко пријавил дека му било испратено видео материјал од физички напад на неговата ќерка
-
Фон дер Лајен: Патот на Северна Македонија кон ЕУ да продолжи со спроведување на реформите и почитување на Преспанскиот договор
-
Силјановска Давкова не кажа „Северна“ при заклетвата во Собрание
-
Силјановска-Давкова ја презеде претседателската функција од Стево Пендаровски
-
Грчката амбасадорка Филипиду ja напушти седницата, Силјановска-Давкова во заклетвата користеше Македонија
-
Маж со автомобил прегазил жена во Чаир
-
Украдени документи и компјутери од Управата за матични книги во Прилеп