Свет
18. March 2016 - 11:02

Во Ангола од епидемијата на жолта грозница настрадале 158 лица

Во Ангола од епидемија на жолта грозница, која изби кон крајот на минатата година досега настрадале 158 лица, соопшти денеска претставник на Светската здравствена организација.

Тој додаде дека минатиот месец се забележани 50 смртни случаи, што укажува на забрзан раст на бројот на починатите од таа болест, која ја пренесуваат комарците. 

Забележан е исто така пораст на бројот на заболените од маларија, колера и хронична дијареја во Луанда и другите градови, што според здравствените власти делумно е последица на откажувањето на санитарните служби и трупањето на отпад.