Во Албанија во последната деценија бројот на првачиња се намалил за над 50 отсто

Во Албанија, во оваа учебна година, бројот на првачињата, споредено со нивниот број пред десет години е помал за над 50 отсто.
Овој загрижувачки феномен го потврдуваат податоците од Министерството за образование, додека Институтот за статистика како причина за тоа ја наведува емиграцијата и рапидниот пад на наталитет.
- Населенито во Албанија старее со забрзана динамика, а наталитетот опаѓа драстично. Во последната деценија имало шест илјади новороденчиња помалку. Ако во 2005 година имало околу 39 илјади новородени, во 2015 година тој број е околу 33 илјади, пренесува тиранската телевизија Ора њуз, повикувајќи се на официјални податоци на Инситутот за статистика.
Според податоците на Министерството за образование, бројот на првачиња оваа учебна година е помал за над 50 отсто споредено со нивниот број пред десет години. Во 2006 година во ученичка клупа седнале 60 илјади првачиња, додека оваа година тој број е 27 илјади.
Експертите од Инситутот за статистика како причини за оваа загрижувачка статистика ги посочуваат емиграцијата, планирањето на семејството и подоцнежното стапување во брак.
Пред десет години просечната старост на наслението во Албанија била 31,6 години, а моментно овој статистички податок се зголеми на 37,2 години.
Ново на Сител
-

Драстично поскапува дизелот
-

Граѓаните пријавиле доход од речиси 10 милијарди евра остварен лани
-

Реконструкција на касарната Ќојлија
-

Основана Кинеско-македонската стопанска комора
-

Владината реконструкција на дневен ред во Собранието
-

Нема опозициска средба на Изборниот законик
-

Мисајловски на увид на градежните работи во касарната Ќојлија
-

Прилеп доби Центар за услуги, граѓаните ќе може на едно место да ги добијат сите потребни документи
