Во Албанија од Ковид-19 почина уште еден лекар

Во Албанија уште еден лекар почина од Ковид – 19, кој бил хоспитализиран во Инфективната клиника и неколку дена бил во тешка состојба.
-Покрај сите напори на неговите колеги денеска во Инфективната клинка битката со опасниот вирус ја загуби доктор Хисни Шкјау, кому во последните денови му се влоши состојбата со дишењето и други пропратни болести. Доктор Шјаку (69) беше во служба на здравството цели 40 години а последните неколку години беше семеен лекар во Пук, стои во соопштението на Министерството за здравство и социјална заштита, кое изразува сочувство до семејството.
Во Инфективната клиника во Тирана на 30 јуни од Ковид-19 почина професор доктор Арјан Пуши, познат хематолог, со бројни научни трудови, кој неуморно беше вклучен во лекувањето на болните од коронавирус во Инфективната клиника во Тирана.
Во меѓувреме во Албанија расте бројот на новозаразени и починати лица. Во последното деноноќие регистрирани се нови 71 заразни а починале три лица. Според надлежните во вториот бран секој трет заболен е на возраст до 35 години.
Ново на Сител
-

Зимската бура во САД усмрти над 50 луѓе
-

Европа со највисока стапка на пушење во светот - Балканот предводи со двојно повисоки бројки од западноевропските земји
-

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ, Украинците ќе донесат војна
-

Скопје почнува реконструкција на спортските терени на кејот на Вардар
-

Трамп: Куба е на „раб на пропаст“
-

ЕХФ ЕУРО 2026: Драмата во Малме меѓу Шведска и Унгарија со нерешен резултат
-

Јавна расправа за Нацрт-законот за отворени податоци и повторна употреба на податоците од јавниот сектор
-

ССМ денеска на протест за зголемување на минималната и сите останати плати
