Во Албанија нови 16 случаи со Ковид19
Нови 16 случаи со Ковид-19 се дијагностицирани во Албанија,со што вкупниот број се зголеми на 377 лица, најголем број од нив во Тирана или 177 лица.
– Во последните 24 часа тестирани се 175 сомнителни случаи,при што позитивни резултати се добиени кај 16 од нив. До сега тестирани се вкупно 2.571 сомнителн слуаи а Ковид -19 е потврден кај 377 лица. Во последното деноноќие излекувани се 12 пациенти или вкупно 112 до сега. Значи 30 отсто од зразените се излекувани, изјави Мира Ракацоли заменик министерка за здравство и социјална заштита.
Според неа регистрирана е ште една жртва со што бројот се зголеми на 21 лице. Последната жртва е Скендер Курти(61) понарешен боксерски шампон и активен тренер.
Бил хоспитализиран даесет дена во Инфективната клиника во Тирана а пред две недели доживеал клиничка смрт,но бил вратен во живот.Боледувал и од хипертензија.
-Во Инфективната клиника во Тирана хоспитализирани се 66 пациенти од кои пет се на интензивна терапија. Во болницата „Шефќет Ндроќи“ се седум пациенти,од нив шестмина на интензивна терапија,рече Ракацоли.
Според експерите од оваа област оваа недела се очекува коронавирусот да го достигне врвот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-
Недостигот на работна сила – сериозна закана за македонската економија
-
Втора половина на септември: Децата во Македонија немаат учебници по сите предмети
-
Уставниот суд не поведе постапка за упатството на ДИК
-
Мицкоски: Опозицијата прави предизборни конструкции поради безидејност
-
Кос: Без владеење на правото, нема влез во ЕУ
-
Извршен увид во Трубарево – четворицата осомничени добија уште 48 часа притвор
-
„Ниту една повеќе“- повик за протест на граѓанските организации