Во Албанија 499 новозаразени и 10 починати од Ковид-19
Во последното деноноќие во Албанија забележан е раст на новозаразени со Ковид-19, а починале 10 пациенти од 55 до 80-годишна возраст, меѓу нив и доктор невролог Сали Бачо.
-Од направените 2.165 тестови, опасниот вирус е дијагностициран кај 499 што е 23 отсто од тестираните. Во исто време во списокот на оздравени се внесени 384, додека починаа 10 пациенти. Моментно во ковид болниците хоспитализирани се 316 пациенти, 23 на интензивна терапија, од нив седум се интубирани, информираше Министерството за здравство и социјална заштита.
Според истиот извор од појавата на пандемијата направени се 253.689 тестови, позитивен резултат е добиен кај 56.254, што е 22 отсто од тестираните. Битката со опасниот вирус ја добиле 31.565, активни на болеста се 23.536 додека починале 1.153 лица.
Во меѓувреме поранешниот министер за здравство Тритан Шаху ја критикуваше владата преку објава на Фејсбук, каде напиша дека Европа денес го слави „денот-Д“ бидејќи почна масовна вакцинација против ковид а „Албанија го празнува празниот послужавник на Еди Рама“.
-Албанија е единствената земја во Европа што останува на „отворено море“, каде премиерот за да го затскрие неуспехот, измислува 3Д трансформација на стадионот во Тирана во прекрасен и отворен центар за вакцинирање за цела Албанија, напиша Шеху.
Тој смета дека некој од колегите требало да му каже на премиерот дека вакцинацијата не е фудбал, дека нема потреба од зелено поле или „убави и отворени“ згради, туку има потреба од софистицирани и функционални установи и тоа не само во Тирана, „ланец за ладење“ за лабораториите, специјалисти итн, што може да се „создадат насекаде од професионалци, без театарски импровизации“.
Ново на Сител
-
Македонија води на полувреме против Словенија
-
Без струја утре делови од Аеродром, Центар и Ѓорче Петров
-
Челси не сака да го задржи Санчо
-
Стани мастер на својот ум | Кристина Дескоски | Личен развој | Sitel Podcast 085
-
Обвинителството соопшти дека поради намален ризик од бегство Јахоски добил куќен притвор во случајот за набавка на мазут
-
Жена удрила 18-годишно девојче со автомобил, па избегала
-
БНД: Коронавирусот потекнува од лабораторија во Вухан
-
Приведен 74-годишен маж од Скопје, бил агресивен кон полицајци