Во акцијата „Спас за Вардар” продадени 32 000 билети
Националната Арена Тодор Проески, со која стопанисува АДСДП, вечерва беше осветлена со факели од страна на навивачката група Комити. На овој начин симболично беше означен успехот на акцијата „Спас за Вардар” преку која беа продадени 32 000 билети. Собраните средства се наменети за финансиска поддршка на клубот, соопшти АД за изградба и стопанисување со станбен и со деловен простор од значење за Републиката – Скопје.
Оттаму информираа дека билетите биле продадени онлајн, а настанот согласно ковид-протоколите, бил одржан без публика. АД за изградба и стопанисување со станбен и со деловен простор од значење за Републиката – Скопје, потенцираат оттаму, како општествено одговорна фирма и поддржувач на македонскиот фудбал, даде активен придонес во организирањето на настанот.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости