Свет
6. January 2023 - 16:58

Во африканска земја на погреб загинаа најмалку 14 луѓе откако два автобуси кои биле во поворка се судриле

Најмалку 14 луѓе загинаа, а десетици се повредени во сообраќајна несреќа во Брег на Слоновата Коска.

Несреќата се случила кога се судриле два автобуса кои биле во поворка зад погребното возило.

Погребот бил за една жена од Европа, а присуствувале странски државјани, но не е соопштено од која земја се, ниту дали настрадал некој од нив.