Во Африка повеќе од 52 милиони жители се соочени со глад

Повеќе од 52 милиони луѓе во 18 африкански земји се соочуваат со глад како резултат на климатските промени, сиромаштијата и вооружени конфликти, се вели во извештај на Оксфам.
Земјите како Зимбабве, Замбија, Ангола, Малави, Мозамбик, Мадагаскар и Намибија заедно претрпеа просечни годишни загуби од 700 милиони американски долари како резултат на катастрофи поврзани со климата, се нагласува во извештајот.
„Заедниците погодени од климатската криза се преоптоварени и може да се соочат со потенцијално уништување. Сепак, локалното население прави се што е можно за да ја надмине кризата“, рече Митика Мвенда, извршна директорка на ПАЦЈА,партнер на Оксфам.
Во извештајот се вели дека делови од јужно Зимбабве имаат најмали врнежи од 1981 година, предизвикувајќи повеќе од 5,5 милиони луѓе да се соочат со несигурност во храна.
Во Замбија, 2,3 милиони луѓе се осудени на несигурност во храна, бидејќи нејзините области за земјоделство со пченка се намалени, а извозот е забранет, се додава во извештајот.
Сушата особено ги погодила Етиопија, Кенија и Сомалија.
За да разговараат за одржливоста на животната средина и просперитетот, експерти ќе се соберат на африканска министерска конференција во Дурбан, од 11 до 15 ноември.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Златко Кузманов, доктор по безбедност и претседател на ЦИБ
-

Жан Митрев обвинува, Филипче најавува тужби, ВМРО-ДПМНЕ бара истрага
-

Филипче: На седница ќе го кажеме ставот за Законот за прекршоци
-

Покренато обвинение за помагачите на Саитов - ЈО предложи и продолжување на притворот
-

Расте бројот на странски работници во Македонија, од каде доаѓаат најмногу?
-

Прилепските угостители со позитивни оценки за Законот за работно ангажирање лица
-

Сите инфлуенсери до март мора да се регистрираат во АВМУ - во спротивно ќе се соочат со прекршочни пријави
-

Грипот во подем, посебен апел до учесниците за Водици
