Во 82 избирачки места нема да се гласа на претстојните избори
Државната изборна комисија нема да организира гласање во избирачки места со помалку од 10 избирачи.
На денешната седница, ДИК објави дека во државата има 82 избирачки места распоредени во 28 општински изборни комисии каде запишаните избирачи нема да можат да го остварат своето право на избор во местото на живеење.
Сепак, од ДИК велат дека овие избирачи своето демократско право ќе може да го остварат во најблиското избирачко место кое не е оддалечено повеќе од 3 километри од нивното место на живеење.
За ваквата одлука, ДИК има обврска да ги извести овие избирачи дека во нивното населено место ќе нема гласање и дека избирачкото право ќе можат да го остварат во соседното најблиско избирачко место.
Од ДИК велат дека секој изборен процес се зголемува бројот на избирачки места во кои не е исполнет законскиот минимум од 10 гласачи за да се спроведе изборниот процес.
Зоран Јаневски
Ново на Сител
-
ССМ: Трошоците за живот растат, новогодишната кошница нема ефект
-
Преглед на вестите од светот
-
Трамп избран за 47-от претседател на САД
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Избегната трагедија во Чемерско - Сите станари од домот евакуирани
-
Дефект на магистрален вод го остави речиси пола Скопје без парно – Проблемот е решен
-
Прикажани снимките од движењата на возилата со кои е грабната Вања
-
Обинителството истражува дали трето лице помагало на Груби и Беџети во случајот за кој се најдоа на црната листа