Бизнис
25. March 2021 - 16:35

Во 2020 избришани 3000 компании

Речиси 3.000 фирми згаснале лани кога и официјално беше прогласена пандемијата. Најголем дел се мали компании со од 1 до 9 вработени, објави статистиката. Од бизнис заедницата велат дека овие бројки точно покажуваат колку е лоша економската состојба во земјава и дека веднаш државата треба нешто да преземе. Велат малите фирми најтешко се снаоѓаат на пазарот и затоа фокусот треба да бидат тие затоа што се столбот на една економија.

Апелираат што е можно поскоро да почне процесот на имунизацијата и да се одблокира пакетот мерки, во спротивно ќе има нови затворања и отпуштања на работници.

Според статистиката лани имало над 73 деловни субјекти или 3,8 проценти помалку од 2019 година. Околу 1.000 компании од трговијата на мало и големо ставиле клуч на врата, 350 од преработувачката индустрија, а 190 од земјоделскиот сектор.