Во 2019 година три затемнувања на Сонцето и две на Месечината

Оваа година не очекуваат три затемнувања на Сонцето и две на Месечината. За жал, затемнувањата на Сонцето нема да можат да се видат од нашиот регион.
Првиот спектакл на небото се очекува на 6 јануари кога ќе се случи делумно затемнување на Сонцето, а следните два се целосни, на 2 јули и на 26 декември.
Во затемнувањето на 6 јануари и на 26 декември ќе можат да уживаат жителите на Азија, додека на 2 јули спектакуларна глетка ќе имаат граѓаните на Јужна Америка.
Но, затоа, пак, во Европа ќе можат да се набљудуваат затемнувањата на Месечината. На 21 јануари, доколку временските услови дозволуваат, повеќе од еден час ќе може да уживаме во таа појава. Истовремено, нашиот сателит ќе биде „Супермесечина“.
„Супермесечина“ е појава кога Земјениот сателит е на една од најмалите оддалечености од нашата планета, и изгледа поголем и посјаен од вообичаено. Кога Месечината е во најблиската точка во однос на Земјата, пречникот на нејзиниот диск набљудуван од Земјата е дури 14 отсто поголем отколку кога е во најодалечената точка.
Според тоа, на 21 јануари ќе имаме можност да ја набљудуваме „крвавата Супермесечина“, што навистина претставува спектакуларна појава.
Делумното затемнување на Месечината ќе се случи на 16 јули, кога во сенка ќе бидат две третини од дискот на Месечината.
Исто така, на 11 ноември ќе можеме да ја видиме појавата која се случува само 13 пати во 100 години, а тоа е поминувањето на Меркур точно пред Сонцето. /МИА
Ново на Сител
-

Експерти: Mакедонија доби класични бирократски пораки со умерена реторика од Брисел
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

РKE размислува за повеќе евтина струја преку ден и за викенд, нов модел подготвува и за гасот
-

Секој жител во земјава годишно фрла по 86 килограми храна
-

Преглед на вестите од светот
-

Фон дер Лајен во Скопје со совет за деблокада на процесот со Бугарија
-

СДСМ смета дека се потврдиле стравувањата
-

Судот му одреди 30 дневен притвор на Дејан Јованов за новата истрага за поткуп
