Во 2017-та „Битола, атрактивна туристичка дестинација“
Општина Битола ја утврди програмата за развој на туризмот и со одлука на општинскиот Совет, во 2017 година ќе бидат вложени 1,3 милиони денари.
Според стратегијата за социо-економски развој, општината посебен акцент придава на развојот на туризмот како глобален тренд и гранка со исклучителен потенцијал и можности, и во таа смисла, локалната самоуправа понуди мерки, активности, проекти и иницијативи чија цел е динамичен и комплементарен развој на туризмот во општина Битола.
- Новиот сет активности, мерки, иницијативи и проекти се во правец на постигнување на визијата „Битола, атрактивна туристичка дестинација“. За таа цел ќе отвориме туристичко инфо-биро кое ќе биде лоцирано во централното градско јадро и каде ќе се издаваат брошури, разгледници, мапа на градот, како и насоки за туристички манифестации или можности, информираат од локалната самоуправа.
Општина Битола во 2017 година ќе продолжи со втората фаза од туристичката сигнализација и ќе ги поддржи идеите за уредување и промовирање на нови микро локации за туристички излетишта.
За реализација на програмата, општина Битола очекува поддршка од ЗЕЛС, државната Агенција за промоција и поддршка на туризмот, како и од други субјекти со кои зедно ќе подготви база на податоци во функција на развојот на туризмот во овој град.
Ново на Сител
-
Алармантна состојбата со недостиг од медицински сестри
-
Хуманитарен пикник на „Алкалоид” - собрани над 1,8 милиони денари кои одат за Црвен Крст
-
Екологистите бараат крај на палењето стрништа и пластика и системски решенија
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Петар Арсовски, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот
-
11 полицајци од СВР Велес на дисциплинска за случајот со убиената Росица
-
Полицијата денеска со опомени за оние кои со телефон и слушалки поминуваа улица, од утре ќе казнува