Внимавајте: Вештачките новогодишни елки се опасни по живот
Луѓето се одлучуваат да купат вештачка новогодишна елка од бројни причини, како алергии на природните стебла, едноставното одржување и чистење, повеќекратната употреба и заштеда на пари, но различни се мислењата на стучњаците за тоа дали е поздраво во куќа да се внесе вистинско или вештачко стебло.
Едни потсетуваат дека вештачките елки се направени целосно од синтетичка пластика, поливинил хлорид (ПВЦ) и тврдат дека тој не е опасен или штетен по човечкото здравје.
Меѓутоа д-р Глен Харнет, директор на ланецот клиники „Американ фемили кер“ предупредува дека ПВЦ смесата е отпорна на оган и дека во неа понекогаш се наоѓаат и метали како олово, калај и бариум.
Потсетува дека во 2004 е направено истражување кое покажало дека во вештачките елки е пронајдено одредено количество олово.
-ПВЦ испушта испарливи органски соединенија, а тие можат да ја иритираат слузницата на очите, слузницата на носот и белите дробови, вели доктор Харнет. Во некои случаи ПВЦ содржи и фталати, испарливи течности кои се додаваат на пластиката од полимерот за да се зголеми нивната мобилност.
ЕУ поради штетноста забрани нивно користење во детските играчки зошто можат да предизвикаат хормонална рамнотежа во организмот, вели д-р Брус Ланпер, професор по здравствени науки на Универзитетот Сајмон Фрејз и предупредува дека е многу тешко да се дознае од што се прави навистина вештачкото новогодишно дрво. Потсетува дека има многу различни типови фталати, меѓу кои некои дејствуваат врз женскиот хормон естроген.
-Три четвртини од хемиските состави пронајдени во различни предмети кои секојдневно ги користиме не се доволно тестирани кога е во прашање нивното штетно влијание врз репродуктивните органи или влијание на развојот на мозокот и когнитивно бихевиоралните способности кај децата, но се претпоставува дека се сигурни, вели д-р Ланпер додавајќи дека е многу тешко со стопроцентна сигурност да се утврди реалната опасност од штетното делување на потенцијалните хемикалииод новогодишната елка покрај која поминуваме околу 6 часа дневно, месец дена во годината во период од околу 10 години.
Доктор Харнет вели на крајот дека не сака да им го уништи празничното расположение на луѓето и додава дека може да се заштитат од штетното влијание на наведените хемиски соединенија содржани во новогодишните елки направени од ПВЦ ако производите од синтетичка пластика, вклучувајќи ги и елките, се остават некое време на свеж воздух надвор. Тогаш испуштаат значително помалку штетни материи.
-Што подолго вашата елка се луфтира надвор од домот на свеж воздух, тоа подобро, порачува Харнет и советува купување на новогодишна елка без ПВЦ, направени од полиетилен (ПЕ), термопластичен материјал од кој најчесто се прави пластичната амбалажа.
Ново на Сител
-
Околу 350 деца Роми ќе бидат згрижени бесплатно во јавните градинки во 21 општина
-
Приведен вработен во ЈП Национални шуми - Добивал по 200 евра месечно за дозволи за сеча на дрва
-
ЦУ: Спречени обиди за криумчарење кокаин, цигари, облека и нелегален изнес на девизи
-
Приведени крадци од Боговиње
-
Изгаснат пожарот во Бутел 1, опожарен и дел од кровната конструкција на соседната барака
-
Автоматски пушки и муниција пронајдени во селото Грешница, поведена истрага
-
Суд во САД: Свршеничкиот прстен му припаѓа на давателот по раскин на веридбата, без оглед чија е вината
-
Виртуелен приказ на базиликата „Свети Петар“ во Ватикан