Внимавајте што пишувате во групите на WhatsApp: Сите се достапни преку пребарувања на Google
WhatsApp групите лесно може да се пронајдат преку пребарување на Google.
Групните четови лесно можат да се најдат, но и да им се приклучат. Проблемот е што корисниците не ни знаат дека се дел од чет кој е јавно достапен и кој може да се најде преку Google.
Еднаш кога некој е во група, дури и ако дошол до линк на групата преку пребравање, а не е „повикан“, може да ги види сите пораки кои биле пишувани во групата и сите броеви на оние кои се таму.
Ако некој во групата сака да додаде една личност, само треба да испрати линк од групата т.н. „покана“.
Меѓутоа, тој линк може да се објави на која било јавно достапна интернет страница. Во тој случај, Google ќе ја воочи и ќе ја додаде во својот индекс на пребарувања. Кога тоа ќе се случи, луѓето можат да ја најдат таа WhatsApp група.
Од компанијата велат дека оваа функција работи баш како што треба и оти не станува за грешка. Ги советуваат корисниците да внимаваат каде споделуваат линкови од своите групни четови.
Ново на Сител
-
Подметнат пожар во сервис за возила во Пинтија
-
Мицкоски: МВР засилено работи на откривање на подметнувачите на пожарите
-
Тошкоски: За една недела се палат сите отпади и депонии околу Скопје
-
СДСМ: На Мицкоски не може да му се верува
-
Безбедноста на посетителите приоритет за претстојната „Штипска пастрмалијада“
-
Не запира рибокрадството
-
Преглед на вестите од светот
-
300 пати над дозволеното присуство на јаглерод моноксид