ВНИМАВАЈТЕ: Овие работи не смеете да ги конзумирате пред спиење
Желудечниот рефлукс на многумина создава големи проблеми во текот на денот, а посебно мачен може да биде пред спиење. Ви донесуваме листа на намирници кои обавезно морате да ги исфрлите од вечерното мени, бидејќи така ќе ја избегнете оваа непријатна појава.
1. Алкохол. Ги отвора вентилите кои го поврзуваат желудникот и хранопроводот. Кога ќе се случи тоа, вашето тело повеќе не може да ја задржува храната и киселините таму каде што им е местото, во желудникот.
2. Газирани пијалаци. Спаѓаат во група на намирници кои во себе содржат повеќе киселини од било што, што можеме да го најдеме во природата. Јаглен диоксидот во газираните пијалоци го зголемува притисокот во желудникот.
3. Масна храна. Заборавете на сладолед, кекси, хамбургери и сите намирници со голем удел на штетни маснотии, бидејќи на желудникот делуваат исто како алкохолот и газираните пијалоци.
4. Чоколада. Освен големиот удел на маснотии, содржи и кофеин кој се наоѓа во какаото и теоброминот кој го поттикнуваат желудечниот рефлукс.
5. Сирење. Избегнувајте меки сирења како фета или моцарела, а ако баш сакате да уживате во сирење пред спиење бирајте мали количини на тврди варијанти како пармезан.
6. Костенливо овошје. Дали се заситени или незаситени, за желудникот маснотиите секогаш се неповолни. Без оглед на тоа што костенливото овошје главно е полно со добри маснотии, треба да се избегнуваат пред спиење. Најлошо на вас ќе делуваат орасите, кикириките и индиските оревчиња, а за желудникот најлесни се бадеми и фстаци.
7. Цитрони. Иако се вкусни, здрави и освежителни во текот на денот, не ги конзумирајте пред спиење бидејќи содржат големи количини на киселини.
8. Кафе. Освен што поради кофеинот во кафето нема да можете да заспиете, тоа ќе предизвика излачување на дополнителни киселини во желудникот.
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова: Извонреден е Договорот со Обединетото Кралство, не факторизира геополитички на Балканот
-
МВР со прекрошочна за нелегалниот приклучок на фекална канализација што го откри Арсовска
-
Штеки цигари сокриени во цевка за црево на цистерна на Богородица
-
Поминал со возило но не се заканувал, се расчистува случајот со заканите кон Арсовска
-
Тошковски: Прашањето е како е донесена одлука од Судот да се врати патната исправа на Јахоски, а не зошто МВР постапило согласно судска одлука
-
Кос: Бугарија и Северна Македонија треба да разговараат и да најдат решение за билатералното прашање
-
Зеленски ја поддржа иницијативата на Ердоган за средба со Трамп и Путин
-
Едно лице загина, а десетици се повредени во земјотресот на медитеранскиот брег на Турција