Македонија
20. October 2015 - 9:22

Внимавајте, фалсификувани 500-тки кружат низ Македонија

Фалсификувани пари кружат низ Македонија, а најмногу во промет кружат банкноти од 500 денари. Според фотографиите до кои дојде еМагазин банкнотите тешко може визуелно да се препознаат од обичните граѓани, па и од трговците.

Дека банкнотите се фалсификат може да се забележи по квалитетот на хартијата која е потенка и помека и кај заштитната нишка која го нема жигот со број. Очигледен е фалсификатот и со потписот на гувернерот.

пет2

Фалсификуваните пари дури имаат и воден жиг. Овие фалсификувани банкноти се пронајдени во дуќан во населбата Автокоманда.

пет1