Македонија
14. December 2019 - 19:27

Внимателно со парите на „Скопска“

Дефектни валидатори или неправилно користење на скопска билетите се причина поради која граѓаните остануваат без средства за возење во ЈСП. На социјалните мрежи се пожалија патници дека на картички со 250 денари за 10 возења од едно откуцување им биле одземени сите.

И мене ми се случи истото , од билет со 10 воења полна картичка денеска ми пишува останува уште едно возење.

Ова се дел од коментарите на граѓаните

Пензионерите и студентите не се соочиле со ваков проблем.

Билет со 10 возења има важност 15 дена велат од ЈСП. Во изминатите 9 месеци 15 корисници на скопска се пожалиле на проблеми со одземени средства или неуспешна валидација со картичката Скопска или со мобилен телефон. Во најголем број службите на ЈСП утврдиле пропуст кај патникот.

-Патникот на „Скопска“ имал пакет билети од 10 возења, кој има рок на важност од 15 дена од прва валидација, но патникот се валидирал после 20 дена од прва валидација и нормално, невалидираните билети му пропаднале;

-Чипот на картичката бил оштетен, патникот има обврска да ја замени картичката со нова, валидна

-Патникот имал надополнети средства, но му истекла важноста на „Скопска“, велат од ЈСП.

Само во 4 ситуации проблемот настанал поради систеска грешка и на патниците им била надоместена штетата.

Од ЈСП велат секој патник кој се соочил со ваков или сличен проблем треба да пријави  по што ќе се провери статусот на СКОПСКА. Како доказ патниците се должни да приложат слип од надополнетата услуга.

Во автобусите неодамна се поставени дополнителни валидатори за кои од ЈСП велат дека се уште не се пуштени во употреба.