Македонија
26. October 2018 - 8:28

Внимателно на патот Демир Капија - Смоквица, посебни услови за возење

Денеска со почеток во 09:30 часот ќе се изведуваат работни активности на влезот од тунелите  Демир Капија (тунел 1)  и Јаворица (тунел 2)  на автопатот „Пријателство“ на  делницата  Демир Капија  -    Смоквица, соопшти ЈП Македонијапат.

Поради овие  причини  сообраќајот  пред тунелите  ќе се одвива  под посебни услови по левата  коловозна лента со намалена брзина од 40 km/h.