Балкан
13. May 2016 - 10:15

Внимание: На пат е коалиција меѓу ППР и ПНД

Хуриет дејли њуз - Анкара

Изјавата на Девлет Бахчели, лидерот на Партијата за национално дејствување (ПНД) се претвори во тема на денот. Она што го кажа Бавчи беше дека ако има потреба, ако е неопходно, „тогаш за да ги заштитиме националните и историските интереси на Турција, фактичката поддршка која не и да дававме на владата до сега може да добие правен исход. И ПНД ќе докаже дека само заради земјата и нацијата, е подготвена за прифати секаква одговорност“.

Ова е многу важна изјава.

Според она што го слушнавме, има само еден заклучок во изјавата на Бахчели. Лидерот на партијата ПНД сака неговата партија да формира коалиција со Партијата на правдата и развојот (ППР).

Всушност, за да се случи тоа, тој треба да побара одобрение од Централниот извршен комитет на ПНД за водење преговори за коалиција.

накратко, ситуацијат е следна: коалицијата која не изгледаше дека е остварлива варијанта до 7 јуни 2015 (датумот на првите парламентарни избори минатата година, кои не довдеоа до формирање на владина коалиција и беа свикани предвремени избори на 1 ноември), кога ПНД имаше 80 пратеници, изгледа веројатна денес кога имаат 40 пратеници.

Добро, а која ќе биде цената во овој случај?

Како што може да се претпостави, постојат три фактори:

Прво, да се надмине најсилниот аргумент на кој се засноваат барањата за вонреден конгрес: „Идеалистичките избирачи на партијата сакаат таа да биде во власта“.

Второ, ПНД ќе добие предност со излегување на предвремени избори со коалициска влада, во која таа е партнер.

Третиот фактор е да се задуши внатрешната опозиција во партијаа преку власта, која ќе а добие како коалициски партнер.

Сега прашањето е дали претседателот Реџеп Таип Ердоган кој се чувствува во зенитот на својата власт, ќе го поддржи или нема да го поддржи таквото коалициско партнерство.

Веќе се чувствуваат областите на одговорност на „новиот премиер“. Се зборува дека новиот премиер нема да прави ништо што „вождот“ нема да го посака. Тој ќе рабти со сета своја моќ за претседателскиот систем. Ќе му ги остави САД и Европа на „вождот“. А потоа се редат главните ограничувања со кој ќе треба да се соочи „новиот премиер“.

Се зборува дека тој не треба да биде толку инспиративен и амбициозен. Не треба се да знае. Неговата автобиографија не треба да биде богата. Треба да знае дека е транзициски. Исто така ќе знае дека бил поставен на оваа позиција од „вождот“.

Препораки за кандидатите за премиер:

Ако имате академско минато, воопшто и не го спомнувајте.
Ако застапувате некакво конкретно прашање, не го истакнувајте.
Ако посебно не го поддржувате претседателскот систем, воопшто не станувајте премиер.
Ако велите дека имате свој сопствен стил или други нешта, воопшто не се обидувајте да ја добиете таа работа.
Ако немате мустаци, тогаш најдобро е веднаш да си пуштите.